Специјално дизајнираните пергола тенди по Ваш избор, преку својата едноставност и техничка компактност овозможуваат пријатен престој и заштитеност.
Пергола тендите се совршено решение за големите простори и идеални за временските услови. Во текот на зимата перголата создава одличен заштитен и топол амбинет, додека пак во топлите денови штитејќи од сончевите зраци, овозможува вистинско уживање и целосно се вклопуваат во надворешноста.
Пергола тендите се одлично решение за пренесување на Вашите секојдневни активности од еден целосно затворен, кон простор кој е отворен и слободен.
Без разлика дали се работи за приватен или угостителски простор, перголата ви нуди одлична можност за проширување и максимално искористување на истиот.
Овие тенди се создадени од исклучително силна и компактна алуминиумска конструкција која овозможува сигурна заштита од сонце, ветер, дожд и снег.
Со својот преубав изглед и функционалност, опремени со светла и електронски мотори, овие тенди се незаменлив дел од Вашиот простор.